• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Даниел Каранфиловски и Гордан Крстиќ од “Bar Gladiators”

Во недела, на 25 јуни, од 11 до 19 часот, во Куманово, на „Гладијатор Арената“ кај Средното Општинско Училиште  „Перо Наков“ се одржа Вториот меѓународен Street Workout турнир.

Даниел Каранфиловски и Гордан Крстиќ од “Bar Gladiators”,  единствениот регистриран Street Workout клуб во Македонија, говорат за организацијата, за категориите во кои се натпреваруваа учесниците , за наградите, но и за импресиите од текот на натпреварот.


На турнирот учество зедоа 40-тина учесници од Македонија, Србија и Бугарија кои се натпреваруваа во неколку категории, а најатрактивни за публиката беа трите натпреварувачки. Најдобрите по категории добија пехар и златен медал, додека второ и третопласираните се закитија со сребрен, односно бронзен медал.


© Radio Bravo - Kumanovo