• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество

Денеска, Радио Браво преку гостувањето на претседателката Благица Димитровска на своите слушатели им ги презентира најновите активности на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество. Целото интервју можете да го слушнете со кликнување на плеерот подолу.

 

Здружение за промоција и развој на инклузивно општество е оформено во 2008 година со мисија за создавање на услови за инклузивно општество преку активности и проекти со кои ќе се влијае лицата со попреченост и други ранливи групи да имаат еднакви можности за остварување и почитување на нивните човекови права. Здружението е препознатливо на локално,регионално и национално ниво како лидер во застапување и поддршка на лицата со попреченост и другите ранливи групи во остварување на нивните човековите права,в клученост во општеството, недискриминација, економска, социјална, здравствена и правна заштита. Со досегашната работа на програмски активности и имплементација на проекти поддржани од меѓународни и домашни донатори. Инклузива воспостави успешна соработка и партнерски односи со општини, НВО, јавни институции и установи, бизнис заедницата и медиуми. Од октомври 2014 година е членка на мрежата ИРИС МК преку која членува и во регионална мрежа ИРИС која ги обединува обезбедувачите на социјални услуги во Југоисточна Европа.

Проекти 2015-2016
1. Инклузија преку медиуми,
2. Учество на лицата со попреченост во изборниот и политичкиот процес во Македонија,
3. Подобрување на обезбедувањето на социјалните услуги во Југоисточна Европа, преку зајакнување на националните и регионалните мрежи на Граѓанските организации,
4. Собранието и граѓаните: Законодавни иницијативи за човекови права,
5. Проект за практикантска работа и вработување на лица со попреченост,
6. Јакнење на капацитети на наставници за работа со деца со попреченост,
7. Јакнење на капацитети за развој на работно – производствени вештини на лица со попреченост
8. Ресурсен-советодавен и информативен центар.

Со денешниот ден заврши проектот: Учество на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес во Македонија. Главна цел на проектот е да помогне да се овоможи лицата со попреченост да гласаат на ист начин како другите луѓе, самостојно да го остварат своето право на глас и директно да учествуваат во политичкиот живот. Лицата со попреченост сеуште не се информирани за нивните загарантирани права,гласачките места не се пристапни, а изборниот материјал воопшто не е разбирлив за одредени видови на попреченост. Лицата со попреченост имаат потреба да бидат информирани за нивното право на глас, да им се овозможат соодветни услови непречено да се вклучат во политичкиот живот и да излезат на избирачкото место, наместо да гласаат во домашни услови.

© Radio Bravo - Kumanovo