• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Бобан Ангеловски, претседател на МРК Куманово

Вечерва, во Спортската сала во Куманово, со почеток во 20 часот ќе се одигра ревијален натпревар во кој учество ќе земат ракометните ветерани на Куманово и осатокот од Македонија. По тој повод, гостин во Радио Браво е Бобан Ангеловски, претседател на Машкиот ракометен клуб Куманово, кој е и организатор на овој несекојдневен спортски спектакл, кој пак се организира по повод 25-годишницата од освојување на Купот на Македонија од страна на нашите ракометари, инаку прв Куп во независна Македонија.

Учесници на напреварот, помеѓу другите ќе бидат и великаните како што се Пепи Манасков, голманот на Вардар Ангелов, нашиот сограѓанин, популарниот Кузе и многу други. Билетите за натпреварот ќе се продавааат во текот на денешниот ден на Градскиот плоштад по цена од 50 само денари.

© Radio Bravo - Kumanovo