• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Александра и Теодора од БУЈРУМ

Александра Тасиќ, претседател на проект „БУЈРУМ“ и Теодора Цветковиќ, студентка на Филолошкиот факултет при УКИМ, инаку учесничка во проектот „Граѓанско учество во руралните средини“ го претставуваат истиот на слушателите на Радио Браво.

Главна цел на проектот
Едуцирани млади лица и жени од руралните средини преку акциско учење за значењето на општествените вредности за развој на персонални вештини и знаења за младите и жените од различна родова и етничка припадност вклучително и млади со посебни потреби за нивно полесно справување со тешките предизвици во заедницата.Целна група младите од североисточниот плански регион (Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане, Куманово и Липково) од сите националности и родова припадност кои се дел од вкупно 173.982 жители.

Одржливост на проектот
Стекнатите вештини и насочените персонални квалификации ќе и овозможат на секоја индивидуа да пристапи кон решавање на статусот на невработеност, а и користење на многубројните мерки кој во моментот и во наредниот период им се нудат.Самиот проект ќе создаде дефинирани можности со кои невработените млади лица учесници на обуките ќе имаат можност за отварање на сопствен бизнис во сферата на неформалното образование , и други идеи обработени со проектот кои ќе може да делуваат со профитни елементи.

Flaer-1

Активности:
-Визуелизација и промоција на проектот, организирање на почетна прес конференција на проектот;
-Реализација на три дводневни обуки за јакнење на капацитетите на дирекните целни групи на проектните активност;
-Изработка на Прирачник за Тот;
-Ангажирање на експерти од предметните области;
-Обука ТоТ за 10 фацилитатори – младински работници;
-Четири дебатни емисии за руралните средини ,,Гласот на селото,, на две Телевизиски и два радио канали;
-Завршна конференција;

Очекувани резултати:
-Зајакнати капацитетите и подигната свеста на 60 млади и жени од 15 до 24 години и 15 младинци со посебни потреби за основните човекови права и слободи, правниот поредок, локалната самоуправа, децентрализацијата, екологијата, бизнис планирањето, медиуми како и важноста и значењето на граѓанскиот активизам, што само по себе ќе резултира со позитивни општествени промени видливи демократски процеси и градење на здрав систем во руралните средини;
-Креираната едукативна програма и прирачник – која базично ќе се имплементира, а потоа ќе претставува основа за нејзино дефинирање во прирачник како алатка за потенцијалните младински работници – млади невработени или лица од образовната област;
-Зголемени сознанија/ вештини, самодоверба и голем број на нови – информации за 10 младински работници
-Создавање на основи за понатамошни активности од заинтересирани страни за пресликување на нов модул во неформалното образование како позитивна пракса.

© Radio Bravo - Kumanovo