• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Прво место за кумановските гимназијалци на државниот противпожарен квиз натпревар

На 14-ти декември во Неготино се одржа 32-иот по ред Државен квиз-натпревар од областа на противпожарната заштита на кој учество зедоа најдобрите екипи од Република Македонија во конкуренција на кадети и јуниори во кои се натпреваруваат по 7 екипи во двете конкуренции. Државниот натпревар за отворен го прогласија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија проф. д-р Никола Николов. Повеќе за натпреварот, од телефонскиот разговор со Часлав Јовановиќ, секретар во Општинско противпожарен сојуз Куманово…

Во повозрасната категорија, најдобри беа кумановските гимназијалци. За регуларноста на натпреварувањето се грижеше тричлена жири комисија составена од стручни лица и делегат од Противпожарниот сојуз на Македонија. Со покажаните извонредни резултати и знаење, екипата на гимназијата „Гоце Делчев“ го освои првото место.Членовите на победничката екипа како награда добија таблет компјутери, а целата екипа е награденаа  со победнички пехар. Следната годин,а државниот противпожарен квиз натпревар ќе се одржи во Куманово, со што претставниците од нашата општина, како домаќини, ќе бидат директни учесници на државниот натпревар.

© Radio Bravo - Kumanovo