• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ-Центар за слобода

Денешните активности на ЦИВИЛ – Центар за слобода во Куманово, започнаа со гостувањето на претседателот на Цивил, Џабир Дерала во Радио Браво.

Целосното интервју со Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ-Центар за слобода, можете да го слушнете или видите подолу…


Со проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува промоција и граѓанска едукација за слободата на медиумите како предуслов за слободно општество. Проектот се обидува да создаде целосно независна медиумска платформа што ќе служи како јавен ресурс за медиумите, граѓанските организации и сите активни граѓанки и граѓани. Слободните медиуми како основен предуслов за слободно општество, може да создадат медиумски простор во кој информацијата и ставовите се слободни од корупцијата и притисоци. Како дел од проектните активности се организираа настани на отворено, со инфо-штандови на кои граѓанките и граѓаните можеа да се запознаат со медиумската платформа на ЦИВИЛ преку њузлетери и преку директна комуникација со редакцискиот тим на ЦИВИЛ. Исто така, граѓанките и граѓаните имаа можност да дадат свои предлози, препораки, коментари и да споделат сведоштва и информации со тимот на ЦИВИЛ. Истовремено на тема медиумски слободи ќе спроведе и анкета меѓу граѓанките и граѓаните.


ЦИВИЛ – Центар за слобода го започна проектот „Од разбирање до одбрана” со кој ќе се обидеме да придонесеме кон разбирањето и заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Република Македонија. Преку истражување, анализа и препораки за акција за подобрување на областите на слободата на изразување, медиумските слободи и граѓанското учество, проектот ќе собира и објавува информации за состојбата на теренот низ целата земја и ќе придонесе за разбирање на темите релевантни за проектот. Овие активности ќе генерираат анализа и препораки за конкретни акции и мерки за заштита на слободата на изразување и слободите на медиумите. Проектот ќе вклучи над 150 учесници од 10 локации низ целата земја, поделени во повеќе категории, меѓу кои се и сопственици на медиуми, уредници и новинари со кои ќе се направат видео разговори на прашања штоо се однесуваат на слободата на медиумите и слободата на изразување. Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан” спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”.

© Radio Bravo - Kumanovo