• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Сани Росевска, волонтер во ОО на Црвен Крст, Куманово

Денеска Сани Росевска, волонтер во ОО на Црвен Крст, ги информира слушателите на Радио Браво за мерките што ги преземаат волонтерите од Општинската организација на Црвениот Крст од Куманово во текот на студениот бран што го зафати подрачјето на општините: Куманово, Старо Наготичане и Липково.

Согласно препораките кои произлегоа од состанокот одржан на ден 04.01.2016 во Црвен крст на град Скопје , Општинската организација на Црвен крст Куманово пристапи веднаш со формирање на тим составен од пет лица. На ден 06.01 ( петок)  20 волонтери на плоштадот во соработка со здружение на Коледари во центарот на градот поделија топли напитоци. Истиот ден комуницирајќи со регионалниот претставник од ЦУК, тим составен од 3 члена ( Раде Ристиќ, Владимир Цветковски и Никола Милановски), заедно со претставници од ЦУК, поделија ланч пакети и кебиња на патниците од 16 завеани возила на регионалниот пат ( стар пат) Скопје – Куманово кај Ново село. Исто така, волотерите се вклучија во извлекување на возилата и пружање прва помош. Целата операција траеше 2 часа и истата успешно беше спроведена.

Тим од тројца волонтери ( Филип Кузмановски, Владимир Цветковски и Трајче Спасовски ) од Црвен крст на Р.Македонија – Општинската организација Куманово на ден 10.01.2017год. обезбеди помош за 14 социјално загрозени семејства кои живеат под прагот на сиромаштијата од тешко пристапните и завеани терени на селата: Кокино,  Степанце, Жегљане, Дејловце и Арбанашко. Акцијата беше организирана со предходни контакти со семејствата а помошта се состоеше од прехрамбени пакети и кебиња. Истиот ден 10.01.2017 пронајдено е  лице бездомник по име Мамутовска Семрана која заедно со своето дете на возраст од една година и уште едно лице кое се претпоставува дека е нејзин сопруг на возраст од околу 40 години во руинирани простории на еден напуштен хотел во центарот на градот. Веднаш беше обезбедена помош од храна, топли напитоци, облека и кебиња и истиот момент ги информиравме надлежните од Центарот за социјални работи во Куманово при што е понудено и сместување за лицата. Црвен крст на Р.Македонија – Општинската организација Куманово заедно со својот тим останува во приправност и подготовка и во наредните денови доколку за тоа се појави потреба.

А пред крајот на минатата година, на 29-ти декември, Општинската организација на Црвен крст Куманово по повод  новогодишните празници организираше хуманитарна акција во која беа посетени селата од Козјачкиот регион и беше поделена хуманитарна помош. На учениците од интернатот во О.У. ,,Христијан Тодоровски” Карпош во село Драгоманце, на 20 деца од Козјачкиот регион кои престојуваат во интернатот им беа доделени новогодишни пакетчиња. Исто така во рамките на оваа хуманитарна акција беа поделени и прехрамбено-хигиенски пакети на уште  пет семејства кои живеат под прагот на сиромаштијата од тој регион. Оваа хуманитарна акција беше заокружена со посета на Дневниот центар за лица со пречки во развојот Порака наша, Куманово каде беа донирани 15 прехрамбено – хигиенски пакети. Акцијата беше подржана од 8 волонтери од општинската организација на црвен крст Куманово.

© Radio Bravo - Kumanovo