• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Марија Михајловска, волонтер во ОО на Црвениот Крст, Куманово

За активностите на Општинската оргамизација на Црвениот Крст од Куманово, во денешното интервју во Радио Браво зборува нејзиниот волонтер, Марија Михајловска.


“Проектот Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) е национална алатка за привлекување на волонтери во Црвен крст. Истата се имплементира во сите општински организации на Црвен крст и на годишно ниво се обучуваат околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организациите. Друга цел на ПХВ проектот е изработка на мали проекти на доброто на општеството. Со помош на едно истражување од наша страна наидовме на 6 члено семејството Маринковски за кои добивме повеќе податоци од медиумите. Со оглед на тоа дека семејството е во навистина тешка состојба ние одлучивме да организираме хуманитарен настан со кој би собрале средства за подобрување на животот на Маринковски. Настанот ќе се оддржи на 24 март 2017 година во Домот на култура “Трајко Прокопиев” на кој ќе учествуват Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски,Бојана Апостоловска,Мери Витановска, Анастасија Богоева, Боби Додевски- “Нема љутиш”, ДМА “Срма” и претставите “Приказна на една идеја” и “Тато класна кажати да идеш на родителски” . Голема благодарност секако до сите уметници кои ќе се вклучат во настанот но и до граѓаните без кои оваа не би успеало. Ви испраќам апел на сите, и стари и млади, да дојдете и со ваше присуство да помогнете за подобрување на животот на Маринковски. За нас 50 денари се малку но за нив значат нов живот. Влезниците ќе можете да ги купите на самиот влез на Дом на култура и во просториите на Црвен крст. Денеска однесовме и првична помош на семејството од с.Градиште (храна,облека,хигиенски пакети,кебиња и обувки) и понатаму во текот на проектот ќе организираме хуманитарен турнир за да го подобриме и нивниот живот“, меѓу другото рече Марија Михајловска, волонтер во Општинската оргамизација на Црвениот Крст од Куманово.

© Radio Bravo - Kumanovo