• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Црвениот Крст во промоција на хуманите вредности

Разговорот со Никола Милановски, дисeминатор за ПХВ – Промоција на Хумани Вредности, од Општинската организација на Црвениот Крст од Куманово, во целост можете да го слушнете со кликање на плеерот подолу…

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)   претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци,  потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците. Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество. Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население. Во текот на цилкусот 2016 година обуката ја поминаа 1247 младинци, и беа изработни 184 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 3790 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 28 555 волонтерски часови. Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности  (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

© Radio Bravo - Kumanovo