• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

„Магистрал за неа“, нова збирка поезија на Даница Петровска

Издавачот Милица Паулус, заедно со поетесата  Даница Петровска се гости во студиото на Радио Браво.

Во понеделник, на 15-ти мај во Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“, Петровска ја промовираше најновата збирка песни, петта по ред, насловена „Магистрал за неа“. Книгата е издадена од издавачката куќа „Дата песно пој“ и тоа како награда за најубава песна од Даница Петровска, која ја освои на традиционалната поетска манифестација „Поетска гала“ во Битола, во 2015-та година, за најубава песна. Организатор на манифестацијата беше Милица Паулус, а наградата се состои од спонзорирање на издавање на книга.


Разговор со Даница Петровска, поетеса и Милица Паулус, издавач

Пред  многубројна публика подржувачи на нејзиното творештво, Даница со гордост ја промовираше најновата книга, за која ни кажа дека се состои од околу 75 песни со еротска содржина, во кои ја опејува и позитивна и мрачната страна на задоволството. Промотор на „Магистрал за неа“ беше Милица Паулус, кавадарчанка која живее во Минхен, Германија, која освен што е издавач, пред се на книги од македонски поети, таа и твори на германски и на македонски јазик, со што помага за афирмација на македонската поезија во Германија. Милица Паулус е често во Македонија како организатор на повеќе писателски манифестации. Инаку, поетесата Даница Петровска, пред последнава книга, има објавено четири книги поезија, која што и ги промовираше во Радио Брава, така што за нашите слушатели таа е веќе позната. Значи, нејзиното творештво го опфаќаат збирките:  Готска Жена, Љубовен Филигран, Елегична по тебе, Моите Митарства и најновата, „Магистрал за неа“.

 

Со кликање на плеерот подолу, можете да ги слушнете сите песни од збирката песни „Магистрал за неа“. Песните ги чита поетесата Даница Петровска.


 „Магистрал за неа“, чита Даница Петровска, автор на песните.

© Radio Bravo - Kumanovo