• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Промоција на книгата “Пирот на вештерките“ од Даница Петровска

Во вторник, на 19-ти јуни, во 20 часот во НУЦК “Трајко Прокопиев”, Куманово мала сала е закажана промоција на шестата по ред книга, „Пирот на вештерките“ на поетесата Даница Петровска која всушност е продолжување на првата нејзина книга Готска жена издадена во 2011 година. Промотори: Филип Петровски и Љубиша Петровски, водител ќе биде Виолета Сековска.

Авторката во интервјуто во Радио Браво, појасни дека дејствието во книгата се случувањата во 1692 година кога жените биле осудувани за вештерки.


Делото, збирка поезија насловена како „Пирот на Вештерките“ од Даница Петровска е впечатливо согледување на она нешто кое е во нас самите, праисконско,п онекогаш со напливи на стравопочит кон она што „излегува“ од длабината на психичкоит порив кај човекот и она
надворешното, рационално, навидум сеопфатно и разумно објасниво. Судирот на емотивноста на поривите како внатре така и однадвор од чувствата кај секој, авторката Даница ги доловува во мрачните, задскриени ексцентрични мисли, отсликани во една друга димензија проследени со онаа другата можеби светла страна од емотивноста. Поетскиот свет на Петровска воглавно е исполнет со сосредоточувања кон појавите и предметите во природата испреплетени со имагинативноста, надприродноста со метафизички и надискуствени емоции, чувства и искуства.


© Radio Bravo - Kumanovo