• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Даниел Каранфиловски го најавува Меѓународниот Street Workout натпревар

На 19 мај, сабота, со почеток во 10.00 часот, во Кумановo, на Градскиот плоштад  ќе се одржи третиот по ред Меѓународен Street Workout натпревар, организиран од Street Workout Клубот Bar Gladiators.

Учесниците ќе настапат во дисциплините Фристајл (Freestyle), Weighted Sets&Reps, женска категорија склекови, Bodyweight згибови и пропаѓања и дисциплина која се воведува за првпат на Балканот, One Rep Max. На натпреварот ќе настапат натпреварувачи во машка и женска конкуренција од цела Македонија, соседна Србија, како и еден учесник од Катар. Повеќе за третиот Меѓународен Street Workout натпревар,, дознајте од интервјуто со Даниел Каранфиловски, претседател на Street Workout Клуб Bar Gladiators…


Оваа година, за прв пат на Балканот, ќе биде воведена нова дисциплина – ” ONE REP MAX ” (Squat, Dip, Pull). Натпреварувачите кои ќе учествуваат во оваа дисциплина, пријавуваат 3 различни тежини.
Пример: Pull-up
First attempt 40kg
Second attempt 50kg
Third attempt 60kg.
Доколку на третиот или вториот обид не успеете да ја подигнете пријавената тежина, ви се брои вашиот прв успешен обид.

За повторувањата (SETS&REPS), категориите се следни:
-Натпреварувачи до 75kg (Bodyweight)
-Натпреварувачи над 75kg (Bodyweight)

Покрај sets&reps, натпреварувачите ќе имаат можност да се пријават и во дисциплината Слободен стил (Freestyle),
БЕЗ КАТЕГОРИИ.
1 vs 1 (BATTLE)
Ограничен број на пријави (максимум 16 натпреварувачи)
Времетраење: 3 рунди по 60 секунди (3 ROUNDS x 1 MIN).


Дисциплините по редослед се следни:
-FREESTYLE (Слободен стил)
-МUSCLE-UP (Руски згибови)
-PULL-UP
-DIPS
-PULL-UP 32kg+
-DIPS 48kg+
-SQUATS 100kg+
-ONE REP MAX
-PUSH UP (Женска категорија)
КОТИЗАЦИЈА:FREESTYLE 200 MKD
PULL-UP+DIPS 200 MKD
WEIGHTED PULL/DIP/SQUAT/MUSCLE UP/ 200MKD
ONE REP MAX 200 MKD
PUSH UP – Woman – FREE



Пријавата ќе изгледа на следниот начин:
-Име и презиме
-Дисциплина
-Тежина
-Држава/Град
-Годиште
-Тим
-Кратка биографија (вклучувајќи ги вашите почетоци во Street Workout, заедно со постигнатите резултати).

Натпреварувачите можат да ги праќаат своите пријави во нашиот инбокс,заклучно до 13-ти Мај. На ден на натпреварот,од 09:30h до 10h,кандидатите кои сеуште се немаат пријавено,ќе имаат можност да се пријават на лице место.

© Radio Bravo - Kumanovo