• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Даниел Тодев ја промовира „Моја најмила“ во Радио Браво

Нашиот сограѓанин Даниел Тодев ја промовираше својата нова песна во Радио Браво.
Се работи за милозвучна мелодија со посветен текст, а со наслов „ Моја најмила“. Како комплетен автор и композитор се јавува Боби Серафимовски кој како што и изјави во телефонското јавување, искрено очекува песната да стане вистински хит.

Соработката меѓу Боби и Даниел трае од порано, бидејќи Боби ја напиша песната „Мирно езеро“ со која Даниел Тодев настапи на на поп вечерта  на „Охрид Фест 2015“ и се пласира во втората интернационална вечер, а песната беше видно прифатена од публиката. Даниел како наш гостин ги сподели искуствата од својата 15 годишна музичка кариера, но видно задоволен говореше и за учеството на „Роса Фест 2013“ и „Охрид Фест 2015“. Ексклузивно ни беше откриено и дека на лето може да очекуваме нова песна работена и изведена од истиот проверен тим. Дотогаш уживајте со „ Моја најмила“.

© Radio Bravo - Kumanovo