• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Новогодишен концерт на КУД „Карпош“

Дарко Петковски од Културно Уметничкото Друштво „Карпош“ преку Радио Браво го најавува првиот новогодишен концерт на друштвото. Концертот ќе се одржи во сабота, 24-ти декември, во Националната Установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, во зграда на Театар Куманово.

– На концертот ќе бидат изведени нови кореографии од членовите на друштвото, кои на себе ќе имаат и новоизработени носии, соодветни на новите ора. Концертот ќе биде збогатен со хумористична програма која ќе се изведе на кумановски дијалект. Како гости на концертот ќе бидат КУД„Бранко Ќопиќ“од Јагодина, друштво со кое домаќините долги години соработуваат, изјави Дарко Петковски од Културно Уметничкото Друштво „Карпош“.

Билет  за концертот чини  50 денари.

© Radio Bravo - Kumanovo