• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Дарко Тодоровски, прв македонски магистрант по оперско пеење на Гнесиных, во Москва

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: DarkoTodorovski not found

Денес на Радио Браво – вистинска ексклузива. Го„имаме“ првиот македонски магистрант по оперско пеење на музичката академија во Москва, Российская академия музыки  Гнесиных.

Дарко Тодоровски е среќен и благодарен што живеае и студира во Русија, каде што се чувствувам како дома, притоа не чувствувајќи никакви бариери и делби како странец. Во продолжение интервјуто со нашиот сограѓанин, Дарко тодоровски…


Како стигна до постипломските студии во Русија?
Како дел од трупата на младите оперски пејачи во Македонија се пријавив на натпреварот “Романсиада” од Скопје заминавме за Софија каде низ неколку етапи ги одбраа финалистите. Бев претставник од Македонија во финалето во Москва. Во финалето бев дипломант на меѓународниот натпревар “Романсиада”. Таму наидов на заинтересираност како потенцијал со кој руските педагози би сакале да работат. Спонтаноста ги превзеде работите во свои раце па така со подршка од страната на амбасадата на Руската Федерација во Македонија како стипендист заминав во Русија на магистерски студии во музичката академија “Гнесин”.

За својот „руски сон“…

Заминувањето за Москва значеше и започнување на нов живот, но за среќа некои работи продолжија на поинаков начин а тоа е моето редовно концертирање. Натпреварот “Романсиада” е причината поради која сум особено благодарен. Продолжив да го надоградувам своето пеачко знаење и своето сценско искуство. 10 месеци во Москва за мене беше еден голем процес полн со нови чувства и емоции, нови доживувања и искуства, личен раст и развој кои сите заедно помагаа да покажам подготвеност да целовечерен концерт каде ќе изведувам руска музика, и каде ќе бидам ставен под остра критика од руската публика. А, што се однесува до средината, г олема разлика нема, љубеници на операта постојат и кај нас и во Русија. Луѓето кои го работат тоа и Македонија и во Русија се хранат со истата душевна храна-музиката. Но би рекол дека во Русија мерките се многу поголеми во се. Тргнувајќи од посетеноста на театрите, физичката големина и вредноста на сцените, можеби поради преголемата конкуренција и професионалноста, темелната работа, посветеноста се поголеми. Затоа би рекол дека уметниците во Русија уживаат повеќе добра освен материјалното.

За своите настапи во Русија…
На 28 јануари 2017 година, настапив во Кремљовскиот дворец, во големата сала со симфониски оркестар под водство на диригентот Николај Степанов. Потоа на 24 мај, имав прв солистички концерт во Москва во домот на Романсата. Организиран од страна на Галина Преображенскаја, пијанист, водител и основач на натпреварот РОМАНСИАДА. На концертот исполнував класични, салонски и модерни романси. Меѓу кои и една од најпознатите “очи черные” и љубителите на рускиот романс ги запознав со македонската народна песна за бис на крајот од концертот отпеав два бисери од македонскато народно творештво: “Кога падна на Пирин планина” и “Сношти минав покрај вази”.

…и во Италија…

По првиот успешен солистички концерт во Москва заминував за Италија каде операта од Филаделфија организира светски премиери . Во Италија работен над улогата Родомот од операта “Орлано Фуриозо” со Карен Лаура Селан, режисер од Филаделфиската опера и со Кончита Анастази, диригент од музичката академијата во Фиренца. По 5 недели труд и работа дебитирав во Италија со испеани една премиера и две репризи од истата опера.

За своите планови…
По претставите во Италија во септември се вратив на своите студии каде добив покана да ја толкувам улогата на Енрико од операта “Il Campanello” од Доницети на фестивалот “Зимний путь” кој веќе со години е традиционален фестивал во Москва. По барање на Московската публика истата претстава ќе биде повторена на 14 април во Москва.
Моментално работам на три улоги во кои треба да дебитирам во следните 4 месеци, тоа се улогата Барон од операта Травиата од Џузепе Верди, Шонард од операта Боеми од Џакомо Пучини и засега мојата најдрага улога Грофот од операта Свадбата на Фигаро од Волвганг Амадеус Моцарт.

© Radio Bravo - Kumanovo