• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

„Денови на комедија“ во Куманово

Со претставата „Име“ во изведба на Театар Комедија Скопје во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ на -ви октомври, започна 19-от Меѓународниот фестивал „Денови на комедија 2016“. На манифестацијата ќе учествуваат тринаесет театри, девет од Македонија и четири од соседните држави, Србија, Бугарија и Косово. Фестивалот го организира Ценарот за култура, а има ревијален карактер и ќе трае до 15-ти октомври.

denovi-na-komedija

„Изборот на претставите ветува дека ќе има голем интерес кај публиката и според она што го гледаме, се надеваме на иста посетеност во текот на целиот фестивал. Речиси за сите претстави билетите однапред се распродадени“, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Костовски.

„Денови на комедија“ се одржува со поддршка на Министерството за култура. Кумановската публика во првата половина од октовмри ќе има можност да ја проследи комедијата „Хамлет од Горно Дупени“ во изведба на прилепскиот театар. „Границата на власта“ е комедијата на приштинскиот театар беше изведена во просториите на кумановскиот театар. Охридскиот ја изведе претставата „Парламентарки“, а струмичкиот „Народен пратеник“ е вечерва. Претставата „Кокошка“ ќе ја изведе битолскиот театар пред публиката на шести октомври. Наредниот ден настапува Интермецо продукција од Белград со „Сокин и Босина“, на 10 октовмри штипскиот театар ќе ја изведе преставата „Љубовен маратон“, „Хот лајн“ на театар од Крагуевац е на 12 октовмри, а наредниот ден „Еден Џексон во повеќе“ на тетатарот од Габрово, Бугарија.

„Вообразениот болен“ ќе се игра во кумановскиот театар во изведба на „Трајко Прокопиев“ – албанска драма Куманово, на 14-ти октовмри е претставата „Комедија на грешки“ на Турскиот театар од Скопје. Фестивалот ќе го затвори кумановскиот театар со комедијата „Бегај еве ја жена ти (Па не баш)“ во режија на Коле Ангеловски за која во радио Браво говореше Симона Тоскиќ, продуцент и драматург во Театар Куманово.

© Radio Bravo - Kumanovo