• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Драган Митевски од „Етно Ризница“

Драган Митевски, претседател на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно Ризница“ од Куманово, ги запознава слушателите на Радио Браво со активностите на Здружението. Целото интервју можете да го слушнете само со кликање на плеерот подолу.

 

Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно Ризница“ од Куманово има издадено ЦД  со изворни народни мелодии од североисточниот регион, за да се зачува историското културно наследство од регионов. Цедето содржи 16 композиции, повеќето се стари песни, изработени во нови аранжмани. Песните ги изведуваат Душко Георгиевски, Влатко Алексовски, Благоја Груевски, Ирена Спасовска, Круме Спасовски, Нино Величковски, Васил Валканов од Бугарија и други.

etno-riznica-cd

Исто така, Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно Ризница“ од Куманово под покровителство на Градоначалникот на Општина Кратово ја организира ШОПСКА СВАДБА 2016, која е веќе традиционална, а со императив да стане и меѓународна, односно да се венчаваат и двојки од соседните Бугарија и Србија. Настанот се организира во меснонста Куклица, позната по своите скаменети кукли од „весела скаменета свадба“. Со изворни свадбарски песни, младоженецот се китеше со пари, се тркаа момци на коњи од куќата на невестата до куќата на младоженецот (победникот се дарува од свекорот), се играат ора … кавалот и гајдата го надополнуваат доживувањето, како и изворните народни носии. Севкупниот впечаток секако ќе го дополни и богатата свадбарска трпеза, преполна со домашни специјалитети.

sopska-svadba-2016

Манифестацијата ќе се одржи на 24-ти (сабота) и 25-ти (недела) Септември 2016 година на локалитетот Камени кукли во село Куклица.

© Radio Bravo - Kumanovo