Европско првенство во ракомет за мажи – тринаесети ден


Македонската ракометна репрезентација денеска (15,15 ч.) во белградска „Арена“ силите ќе ги одмери со селекцијата на Словенија во битката за освојување на 5. место на Европското првенство во Србија.

Audio clip: Adobe Flash Player (version 9 or above) is required to play this audio clip. Download the latest version here. You also need to have JavaScript enabled in your browser.

Македонската ракометна репрезентација денеска (15,15 ч.) во белградска „Арена“ силите ќе ги одмери со селекцијата на Словенија во битката за освојување на 5. место на Европското првенство во Србија. Покрај најголемиот успех на континенталните шампионати, „црвено-жолтите“ со победа дефинитивно обезбедуваат и учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон оваа година. Избраниците на селекторот Шундовски и со евентуален пораз, што секако не е посакувана опција, имаат шанси за олимписки квалификации, но во таква варијанта ќе зависиме од конечниот исход на завршницата на Европското првенство.
Да слушнеме што очекува од денешниот натпревар нашиот репрезентативец Ванчо Димовски.

Селекторот на македонската репрезентација, Звонко Шундовски е оптимист пред натпреварот против Словенија. Шундовски ја скенирал играта на Словенците и го посочи Зорман како главна карика во противничката селекција. Да го слушнеме портретот на словенечката репрезентација токму од нивниот селектор Борис Дениќ.
Во словенечкиот табор исто така постои големо очекување од денешниот натпревар. Исто и тие, како и нашите репрезентативци се борат за да обезбедат пласман на претквалификацискиот турнир за Олимписките игри. Борис Дениќ, за денешниот натпревар со македонската репрезентација.

Денеска избраниците на селекторот Звонко Шундовски го заокружуваат историскиот успех на континенталните првенства. На досегашните шест одиграни мечеви во Ниш и во Белград ракометарите забележаа три победи (против Чешка, Полска и Србија), едно реми (против Шведска) и два минимални несреќни порази (со Германија и Данска). Првенството беше пропратено со многу шокантни ситуации за нашите репрезентативци и фанови. Што му остави најголем впечаток на Димовски на овој шампионат?
Поради големата поддршка од навивачите, македонскиот тим има чувство како да игра дома. За македонските навивачи, за македонскиот тим и за македонскиот ракомет говорат селекторите на Хрватска и Словенија Славко Голужа и Борис дениќ и хрватскиот репрезнтативец Давор Вори.
Од најдобрите шест тима во Европа, дури четири се од поранешна Југославија. Изненадување или не? Дали се задоволни Голужа и Дениќ?

Покрај мечот за 5. место меѓу Македонија и Словенија, денеска на програмата на ЕП се и полуфиналните дуели. Во 17,45 часот Шпанија ќе ги одмери силите против Данска, додека во 20,15 часот се очекува жестока пресметка меѓу големите ривали Србија и Хрватска.
За очекувањата во хрватскиот табор, од изјавите на Вори и Голужа.

Македонската ракометна репрезентација со пласманот меѓу шесте најдобри на ЕП се избори да биде носител на ждрепката в недела, со која ќе бидат одредени двојките за баражите од Мундијалот во Шпанија 2013 година. Во групата носители со Македонија ќе бидат и репрезентациите на Словенија, Унгарија, Германија, Исланд, Полска и Шведска.

На овие седум селекции ќе им се придружат уште две од четирите кои со настапите на ЕП завршија уште по првата фаза. Тоа се Чешка, Норвешка, Русија и Словачка.

Некои од нив ќе бидат во групата на неносители заедно со Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белорусија, Литванија, Португалија, Холандија и Австрија. Тие се потенцијални противници на „црвено-жолтите“ во борбата за пласман на Мундијалот. Кого не посакува Ванчо Димовски за противник?
Останаа уште 60 минути во кои нашите ракометари имаат голема шанса со победа да обезбедат место на еден од квалификациските турнири за Лондон. Кире Лазаров и соиграчите направија историски успех со пласман меѓу шесте најдобри во Европа, но поучени од искуството со кошаркарите ќе смогнат сили за нов успех.

Мени

Најпосетувани