• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Драган Јаневиќ од „Етно Ризница“

На 18.06.2016 година, сабота во комплексот Етно Село Тимчевски, во вечерните часови ќе се одржи првиот меѓународен фестивал на стари, скоро заборавени народни песни од нашиот североисточен регион под наслов Етно Ризница. Организатор е здружението Етно Ризница од Куманово.

Драган Јаневиќ член на претседателството Здружение за уметност култура и заштита на културното наследство Етно Ризница од Куманово, говори за релативно младото здружение кое опстојува една година и се труди со своето постоење  да придонесе да се сочува старата македонска музика на нашите претци.

На фестивалот Етно Ризница ќе настапат нашите еминентни пеачи: Душко Георгиевски, Благоја Грујоски, Круме Спасовски, нашиот Нино Величковски, Благица Павловска, Ирена Спасовска, Влатко Алексовски, Аце Трифуновски, Васил Валканов од Бугарија, група Соната а на репертоар ќе се најдата песните “Месечино царева девојко”, “Дено Денче”, “Грабиле гу Ангелину”, Алт’но Кад’но”, Јовка Кумановка”, “Бабино девојче”, “Масличице зелена”,” Насели се село”, “Стануј попадике”, “Да сам сл’нце Јагудо”, “Белој Доне”,” Нели не си кадар девере”, “Ѓурѓа пере на реката”, “Море Марко шета и  многу други песни. Ова се песни од веќе издаденото прво ЦД чија прва промоција беше пред месец дена на плоштадот во Старо Нагоричане.

© Radio Bravo - Kumanovo