• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Филип Стевановски Бенд со концерт ќе го одбележи 30-ти Април, Светскиот ден на џез музиката

Овој концерт е всушност прв концерт од Македонската турнејана Филип Стевановски бенд и е проект на Министерство за култура од областа на фолклорот, музичката и музичко-сценската дејност, а под покровителтво на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Фондација за култура и спорт на Општина Куманово.

Интервју со Филип Стевановски во Радио Браво на 26-ти април, 2018-та година.


Она што ќе може Кумановската публика да го слушне на 30 април (ПОНЕДЕЛНИК) е афирмирање на авторска џез музика и етно џез музика со примеси на Македонскиот фолклор и македонскиот карактеристичен ритам, како и запазување на традицијата на Македонската традиционална музика и македонските евергрини но во сопствен аранжман во џез стил со запазување на (латин џез, свинг, фанк и сл.)
Првиот дел ќе биде еден нов призвук на авторска џез музика, acid jazz, funk jazz, latin jazz, како и современ призвук на џез музика и во вториот дел од концертот авторска етно џез музика но и преработка на Македонска традиционална музика во џез, латин џез, свинг, како и карактеристиките на македонскиот ритам.
Филип Стевановски со својот бенд ќе изведе негова авторска музика, композиции кои веќе се ставени на неговите албуми но и нов материјал кој треба да излезе на следниот носач на звук. Зад себе за сите овие десет години овој состав има издадено неколку албуми и тоа: Првиот е авторски албум на Филип Стевановски со наслов „МИТ“ во 2009 – 2010 година, вториот албум е со наслов Џез Фјужн во 2011 година, каде се застапени авторски дела како и обработка на светски хитови во џез стил, третиот албум е под наслов Џез Фјужн 2 во 2012 година, кој е продолжение на претходниот, Четвртиот албум е снимен во живо и е со наслов „Музика“ во 2013 година каде се застапени најголемите хитови од таа година во џез преработки и во 2017 година е издаден последниот албум под наслов „Summer vibes“ кој што е во латино ритам и дел од авторска музика на Филип Стевановски бенд.
Филип Стевановски има настапувано на многу светски но и домашни фестивали меѓу кои: Најпознатите светски џез фестивал JAVA jazz festival во ИНДОНЕЗИЈА, JARASUM Jazz Festival во Сеул – Јужна Кореа, NISHVILE jazz festival во Ниш – Србија, Вино Скоп – Скопје, Вино фест – Кавадарци, Пиволенд – Скопје, Пивофест – Прилеп, Астибо џез фестивал, Кумановско културно лето, Џез фестивал Куманово, Штипско културно лето, Прилеп џез викенд и многу други, како и настапи во Р.Косово, Р.Бугарија, Р.Србија, Грција, Хрватска, Швајцарија, Аврстрија, Америка и др.
Како солист Филип Стевановски има настапувано во USA – Interlochen Arts Academy – Michigan каде се има образувано и учено, како и на Конзерваториумот во Берн – Швајцарија, каде има настапувано на отварањето на стадионот на Young Boys.
ПОВЕЛЕТЕ заеднички да го прославиме „СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЏЕЗОТ“ и бидете дел од џез концертот на Филип Стевановски бенд кој ќе се одржи во ЗАНАЕТЧИСКИ ДОМ Куманово на 30 април со почеток во 20.00 часот.


© Radio Bravo - Kumanovo