• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Марјана Павличек: Основен курс за уметничка фотографија

Во телефонскиот разговор со Марјана Павличек, членка на Фото Кино Клуб „Козјак“, можете да се запознаете со уште една активност на Клубот, овој пат станува збор за почетокот на уште еден бесплатен курс за уметничка фотографија. За оваа учебна 2018/2019 година, наставата започна минатиот четврток, а на истиот можете да бидете дел само со присуство на часовите што се одржуваат секој четврток, од 19:30 часот во просториите на Фото Кино Клуб „Козјак“ кои се наоѓаат во Народна техника Куманово, ул. „Тане Георгиев“ бр. 25 (Циганско сокаче), до ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ или Централа на К-Нет.


Курсот е БЕСПЛАТЕН и секој кој е заинтересиран може доброволно да се пријави

I дел:
Основи на дигитална фотографија
Фотоапарат, објектив и нивни карактеристики
Уметничка композиција
II дел:
Дигитална лабораторија – Photoshop
* Теорија, многу практична работа и најмногу дружење кое ќе кулминира со организација и излагање на дела создадени од курсистите на Мајски салон 2019.
Ментор и одговорен за организација:
Милош Нешковски
Предавачи:
Членови на ФКК Козјак
Гости:
Уметници и истакнати фотографи


© Radio Bravo - Kumanovo