• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Dance Team Fusion со новогодишен концерт

Кореографките Леона Стојчевска и Бојана Додевска на слушателите на радио Браво го најавуваат традиционалниот Новогодишен концерт на Dance Team Fusion.

Настанот ќе се одржи на 28-ми декември, среда, во зградата на кумановскиот театар со почеток во 19:30 часот. Гости на концертот ќе бидат: “Art Ballet Skopje”, кои ќе се претстават со варијација од балетот “Есмералда” и две кореографии на солистката Ивана Коцевска, како и “Beatrix Skopje” кои пак ќе се претстават со своја хип-хоп кореографија. Цена на билетот изнесува 100 денари и истите можете да ги побарате во просториите на Dance Team Fusion кои се наоѓаат под книжарницата “Office plus”.

dance-team-fusionjpg

© Radio Bravo - Kumanovo