• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Радио Браво ви го претставува: Гордан Крстиќ


Гордан Крстиќ од Куманово има четиринаесет години и на 29-ти минатиот месец учествуваше на streetworkout натпревар кој се одржа во Бор, Република Србија, за да на 19 јули неговиот клуб Bar Gladiators, од Ваљево се врати со 17 медали и многу успеси.

Гордан во Бор учествуваше во дисциплината freestyle streetworkout, во категорија помлади од 18 години каде го освои златниот медал, а во борбата за пехар во финалето загуби од еден од најдобрите во во оваа категорија, Владимир Вуковиќ.
Заедно со него на натпреварот учествуваше и Роберт Ангеловски, кој го освои 4-то место во категоријата склекови, а во конкуренција со 40 други натпреварувачи од целиот регион.
Само за потсетување Гордан и Роберт се дел од групата Bar Gladiators која брои 6 членови ,а вратите на групата се отворени со објавување на конкурс за прием на нови членови. За овој прилично нов спорт кој го нарекуваат и улична гимнастика дознајте повеќе од нашиот гостин Гордан Крстиќ, кој завчера го продолжи своето школување во прва година во „Гимназијата Гоце Делчев“. Многу среќа и во спортската кариера и во образованието…

© Radio Bravo - Kumanovo