• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Во Куманово продолжува изучувањето на Хрватскиот јазик

Оваа е трета година по ред кога Хрватската заедница во Македонија огранок Куманово организира часови за изучување на хрватски јазик во Куманово. Како и претходните години така и оваа година можат да се пријават сите заинтересирани на возраст од 7 до 18 години и изучувањето е бесплатно вели председателот на Хрватската заедница во Македонија огранок Куманово Иван Шеркиниќ. Шеркиниќ истакна дека од досегашниот одзив е задоволен ,но се надева дека и оваа година ќе има заинтересирани кои можат да се обратат за повеќе информации на телефонскиот број 077 505 363 или на официјалната веб страна на Хрватската заедница во Македонија. Во разговорот со председателот на Хрватската заедница во Македонија огранок Куманово проговоривме и за проектите што досега ги има реализирано здружението но и за она што се планира во нивна блиска иднина.

© Radio Bravo - Kumanovo