• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Македонска музика има, ама каде да се слушне?

Нашиот сограѓанин Александар Богдановски по издавање на песните „Во вечноста“ и претходно, „Наскоро доаѓа Божиќ“, кои кај нашите слушатели предизвикаа позитвни критики, а и често можат да се слушнат на 88,5 Mhz, денеска, исто така во Радио Браво, требаше да ја претстави својата нова песна „Игра“. За жал, поради забраната на ЗАМП за пуштање во етер на македонска музика, Радио Браво, како и останатите радио-дифузери, членки на Здружението на приватните медиуми на Македонија (ЗПММ), од вчера го прекина емитувањето на македонска музика, стравувајќи од можни правни последици што би произлегле од непочитување на забраната на ЗАМП. Да потсетиме дека ЗАМП ја издаде забраната за емитување македонска музика, како што велат оттаму, поради притисоците од Министерството за култура и можноста да се формира паралелно здружение за истите права, како што е СОКОМ МАП, со што практично двете здруженија може да наплаќаат за авторски права. СОКОМ МАП се формира откако група автори на сериозна и уметничка музика го откажаа своето членство во ЗАМП, незадоволни од третманот и вреднувањето на нивните дела.

И Александар Богдановски беше затечен од забраната и не доволно запознает со намерите на Здружението и на Министерството за култура, не сакаше да ја коментира новонастанатата состојба, но се согласува дека од оваа одлука на ЗАМП најголема штета трпат изведувачите и секако македонската публика која е желна за квалитетна, домашна музика. Следува интервјуто со Александар Богдановски…

Сепак Александар Богдановски преку каналот You Tube ја претстави својата нова песна, „Игра“. Песната е во брз, модерен ритам, и со оглед дека е работена со проверената екипа од минатиот хит „Во Вечноста“, скоро е сигурно дека ќе стане и ХИТ на Радио Браво. Композитор и продуцент, како и аранжманот е на гркот што живее во Шведска,  Ac Jackson, додека текстот, поточно препевот е на Светлана Антевска. Песната е снимена студио ‘Nemesis’ во Кавала, Грција. Веднаш по престанок на забраната за пуштање во етер на македонска музика, „Игра“ ќе биде претставена и како Премиера Хит на Радио Браво.

 

© Radio Bravo - Kumanovo