• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Иле Наумов, боем, лиричар, писател, музичар…

Поводот беше промоцијата на стихозбирката „Боемски блуз“, но целта е да ги запознаеме слушателите на Радио Браво со една интересна личност, Иле Наумов.

Разговорот можете да го слушнете со кликање на плеерот подолу.


Иле Наумов , кумановчани го знаат како човек боем, квалитетен лиричар и писател кој зад себе има напишано две стихозбирки.„Боемска рапсодија во црно“, издадена во 2015-та година и најновата „Боемски блуз“. Учесник е на Струшките вечери на поезијата и добитник на повеќе награди за својата писателска дејност. Исто така, Иле Наумов е познат и како текстописец на повеќе детски песни, испеани на фестивалот во Куманово. Повозрасните кумановчани се сеќаваат на Иле и како музичар кој ги забавуваше на познатите гитаријади каде одекнуваа неговите тапани.

Промоцијата на стихозбирката „Боемски блуз“ на Иле Наумов е во сабота, на 1- ви април во Театар Куманово, во 19 часот.

© Radio Bravo - Kumanovo