• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Благица Димитровска за промените во законот за лица со попреченост

Граѓаните на Куманово со голема поддршка на акцијата за собирање на потписи потребни за промените на законските регулативи кои се во врска со лицата со попреченост. Наши сограѓани кои се уште не ја го дале својот потпиз за иницијативата (забелешка: потребно е лична карта), имаат можност истотот да го сторат до петок, 17 часот на Градскипт плоштад.

За самата иницијатива, во своето интервју за Радио Браво, зборува Благица Димитровска, преседател на Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово…


Социјалната и здравствената инклузија не постои за лицата со попреченост и нивните семејства, социо-економскиот статус на семејствата на лицата со попреченост е низок, ангажманот на институциите е недоволен, непостои меѓусекторска соработка меѓу институциите, а здравствената и социјалната заштита е минимална.  Законите за социјална и здравствена заштита и осигурување имаат одредени ограничувања за користење поддршка и помош и ја влошуваат социо-економската состојба на лицата со попреченост и нивните семејства, но и ненамерно ја поттикнуваат потребата од сместување во институции на лицата со попреченост.

Во областа на здравствената заштита граѓаните со попреченост над 18 годишна возраст се соочуваат со ограничен пристап во обезбедувањето бесплатно лекување, третмани и ортопедски помагала и над 26 годишна возраст со бесплатни лекови. Потребни се определени измени во Законот за здравствена заштита што ќе овозможат подобрување на пристапот до здравствената заштита на граѓаните со попреченост преку континуирано користење, без никакви возрасни ограничувања, на лекарства и ортопедски помагала со повисок квалитет и функционалност, согласно нивните потреби.

Правото на парична помош од социјална заштита е предвидено само за згрижувачи, а биолошките семејства на децата со попреченост не можат да остварат никакво право на поддршка од страна на државата. Сето ова води кон отежнување на процесот на нивно активно вклучување во заедницата. Поради грижата за децата/лицата со попреченост што е единствена задача на родителите и семејството, ограничени им се можностите за засновање на работен однос, што ги доведува во социјален ризик и сиромаштија.

Здружението ИНКЛУЗИВА покренува иницијатива ЗА:

 Промена на Законот за здравствена заштита и осигурување со која ќе се укине возрасната граница (од 18 години) за ослободување од партиципација при набавка ортопедски помагала за лица со попреченост и укинување на возрасната граница ( од 26 години) за ослободување од партиципација при набавка на лекови и промена на Законот за социјална заштита со која ќе се овозможи изедначување на правата на згрижувачките и биолошките семејства на лица со попреченост. Покренување на расправа во Собрание, зголемена свест за ова проблематика кај политичари, медиуми, институции, НВО, меѓународни фактори, експерти, општа јавност, воспоставени соработки, партнерства.

© Radio Bravo - Kumanovo