• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Мики & Ива од од Пинг-понг клуб Куманово

Пингпонгарката Ива Димитриевска од Пинг-понг клубот Куманово ја започна сезоната со извонреден успех. На новогодишниот отворен пинг-понг  турнир  „Алексинац 2016“ што се одржа во Алексинац, Србија, младата пингпонгарка Ива Димитриевска го освои првото место во категорија на кадетки. Успесите следуваа и со освоениот златен медал на Отворениот турнир што се одржа во Врање по повод ослободувањето на градот од соседството.

Задоволството од постигнатите успеси не ги крие ни тренерот на Пинг-понг клубот Куманово Мики Трендафиловски. Целта на овој успешен двоец тренер – играч, односно Мики – Ива е да се задржи титулата државен првак на Македонија во пионерска категорија, но и да се освои титулата државен првак во повисоката возрасна категорија, во младинската конкуренција. Инаку, Ива Димитриевска веќе пет години се занимава со овој спорт, настапува за државната репрезентација на Македонија и за овој временски период има освоени над четириесет медали од повеќе државни и меѓународни натпреварувања.

© Radio Bravo - Kumanovo