• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Иван Шеркиниќ, претседател на „Заедница на Хрвати во Р.Македонија“, огранок Куманово

Претседателот на „Заедница на Хрвати во Р.Македонија“, огранок Куманово, Иван Шеркиниќ не запозна со досегашните активности на огранокот, но ги представи и следниве активности кои ќе се реализираат по повод „Хрватските денови“ кои за прв пат се одбележуваат во Куманово.Hrvatska-zaednica-Promo

„Заедница на Хрвати во Р.Македонија“, огранок Куманово брои околу стотина полнолетни членови кои до сега имаат организирано повеќе екскурзии, изложби и трибини. Одбележувањето на „Хрватските денови“ ќе започне на 1-ви октомври со турнир во боќање кој ќе се одржи на теренот за боќање на кејот во Куманово. Турнирот е од отворен тип и сите заинтересирани можат да се пријават за во екипна или поединечна конкуренција.

Вториот ден од одбележувањето е резервирано за отворање на изложба на слики на фотографот, професор Жељко Краичиќ кој доаѓа од Шибеник и кој со своите слики ќе ни го долови својот роден град и ќе ни ја  приближи моќта на морето.

Третиот, последен  ден од  одбележувањето на хрватските денови во Куманово ќе се одржи „Хрватска вечер“ на која што ќе биде претставено делото односно научниот труд на книжевникот и изумителот на падобранот, Фауст Вранчиќ по потекло од  Шибеник.

© Radio Bravo - Kumanovo