• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Јовица Ивановски Моче со нова промоција на книга

Авторот Јовица Ивановски го искористи гостувањето во Радио Браво да ги покани своите сограѓани во вторник на 7 јуни во фоајето на НУ Центар за Култура „Трајко Прокопиев“ во 19 часот на промоција на книгата Светлината од Назарет. Промотори на книгата се Александар Прокопиев и Аго Хаурдиќ. Делови од книгата ќе чита Верица Петровска, а како музички гостин е Боби Серафимовски.

Јовица Ивановски е сликар, поет и раскажувач. Роден е 1962година во Куманово каде живее и работи како „самостоен ликовен уметник“. Препознатлив, како во неговите слики, уметнички дела, од многуте негови самостојни изложби, и меѓународни ликовни колонии, исто така остава белег и автентичност и во убавиот пишан збор. Член е на Друштвото Писатели на Куманово, каде редовно твори и во познатиот кумановски Алманах. До сега има објавувано неколку книги, и тоа: збирка поезија Парење На Ноќната Светлина, кратки раскази Монолог На Небото и романот Светлината Од Назарет. Наградуван повеќе пати како администратор во поетската фејсбук група Поезија За Душа. Во август 2015 на манифестацијата на Лирскиот Караван во Кавадарци, одржан во манастирот Свети Никола – Моклиште, ја добива втората награда за убава лирска песна, учествувајќи на конкурсот на ниво на Македонија. Потоа по повод именденот од раѓањето на Димитар Димитровски Такец Фондацијата Такец од Битола, му доделува признание, Митровденски Битолски Медаљони за книгата роман Светлината Од Назарет за кој истата година од Фондацијата Такец од Битола е награден со признанието Креативец во 2015 година. Во април оваа година на трите литературни манифестации одржани во двата града Неготино и Кавадарци, добива три награди по ред, и тоа: Пофалница за убава лирска песна на Лирскиот Караван во Неготино, трета награда на Поетската Гала во Кавадарци Гранд При за Прозно Перо со краток расказ. Во подготовка е неговата четврта книга збирка поезија Љубовно столетие.

© Radio Bravo - Kumanovo