• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Јусуф Љатифи, претседател на Здружение “Кумановски акцијаши”

За активностите на Здружението “Кумановски акцијаши”, за слушателите на Радио Браво, говори претседателот Јусуф Љатифи


Во рамки на проектот „Зелено Куманово“ на 25-ти јануари се одржа акција за чистење и засадување на нови садници на Спомен Костурница. Во акцијата учество зедоа: ЈП „Чистота и зеленило“, градоначалникот Максим Димитриевски, како и здруженијата „Кумановски акцијаши“ и „Скаут“. Проектот „Зелено Куманово“ се спроведува во соработка на локалната самоуправа со здружението „Кумановски акцијаши“. Јусуф Љатифи председател на здружението„Кумановски акцијаши“ рече дека на оваа територија, предвидено е во иднина да бидат засадени нови 3000 садници од страна на ЈП „Чистота и зеленило“со кое имаат одлична и долгогодишна соработка. Љатифи ја промовираше и донесената програма за заштита на животната средина во месец јануари од страна на здружението во која има повеќе новини, како што се формирање на еко патроли и зелен телефон кој ќе работи во служба на граѓаните на Куманово. По потпишување на меморандумот за соработка меѓу Здружението „Кумановски акцијаши“ и локалната самоуправа на општина Куманово, во блиска иднина ќе следуваат такви меморандуми за соработка и со општините Старо Нагоричане и Липково.

© Radio Bravo - Kumanovo