• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Khara ќе го промовира својот втор албум

Самостоен, целовечерен концерт на кумановскиот пост рок бенд KHARA со цел промоција на вториот албум насловен “Heaven Can Wait”. Концертот ќе се одржи во главната сала на НУЦК “Трајко Прокопиев”, во петок, 21-ви Септември со почеток од 21 часот. Картите се достапни во Кафе Бар Агора и Кафе Бар Трговски, по цена од 100 денари.


По тој повод, следува интервјуто со Филип Михајловски…


Членови на групата се: Филип Стојковски – гитара, Милан Трајковиќ – бас гитара, Филип Михајловски – гитара и Емил Пачковски – тапани.

Албумот е посветен на сите луѓе. Едноставно, низ целото негово креирање нé водеа нашите емоции, нашите мемории. Ги прикажавме сите страни, тешкотиите, среќата, болката, изгубените моменти, изгубените личности. Секоја песна претставува одреден момент од нашите животи со неизмерна важност, нешто што никогаш нема да се повтори. Секогаш самите сме давале сé од себе да направиме нешто што ќе им остане во сеќавањето на луѓето. Затоа и многу ни значат пофалните зборови што ги добиваме за нашата прва промоција. Од друга страна, сакам да ги повикам во уште поголем број, да дојдат на 21 септември, во големата сала наНУЦК Трајко Прокопиев, и заедно да доживееме еден момент кој никогаш нема да се заборави. Секогаш сме пробувале да се финансираме самостојно, но овој пат тоа не е возможно, пред сè заради големината на концертот и промоцијата. Затоа пуштивме карти, кои можат да се најдат во претпродажба во Кафе-бар Агора и Трговски, како и на врата на денот на промоцијата, по цена од 100 денари. За издавачките куќи, пред сè сакаме да се заблагодариме на оние две од кои моментално сме дел, Kran Records од Куманово и Fluttery Records од Сан Франциско, САД. Моментално сме во контакт со поголемите издавачки куќи за нашиот вид на музика. Има најава за издавање на албумот во Грција. Доколку сé биде во ред, би требало да бидеме дел и од издавачка куќа од Западна Европа. За среќа, од првиот ден на постоење работиме со најдобриот македонски продуцент, Милош Краљевски од ММ Студио. Секогаш сме имале и имаме безрезервна поддршка од негова страна, па заеднички мислиме дека Heaven Can Wait е албум кој има шанса да биде нешто повеќе.


© Radio Bravo - Kumanovo