• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Катерина и Валентина од „Кирил Лазаров 7“

Тимот Николовски, Катерина и Валентина ја претставува најновата ракометна школа во Куманово, „Кирил Лазаров 7“.

Замислата на иницијаторот на школите, Кирил Лазаров, е да се овозможат идеални услови за тренирање на младите таленти и да се работи квалитетно сом акедонските деца во текот нац елатагодина. Неговата идеја е создавање врвни играчи, бидејќи Македонија е позната ракометна земја. Засега е отпочнато со запишување на дечињата, а за подоцна се планира нивнас елекција, со цел да има епионерски, кадетски и младински селекции. Желбата на нашиот капитен е овие младинскис елекции зап ериод од една дод вегодини давлезат во системот за натпреварување воМ акедонија.


Од 8-ми септември, официјално и нашиот град стана нов член на семејството Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“. Во тек се уписите за момчиња и девојчиња од сите основни училишта во општина Куманово, поточно на деца од 7 до 15 години. Тренинзите се одржуваат во Спортската сала Куманово, во салата на ООУ „Браќа Миладиновци“, а поради пројавен интерес на дечиња од населбата Којнаре, а се со цел да се намалат трошоците на нивните родителите, тренинзи се одржуваат и во прекрасната сала на ДСУ „Коро Бурназ“, лоцирана во Долно Којнаре.

Тренинзите се одржуваат во следниве термини и сали:
1. Спортска сала Куманово
– понеделник и петок со почеток во 17,00 часот
– вторник и четврток со почеток во 11,00 часот
2. Спортска сала на ДСУ „Киро Бурназ“ – Долно Којнаре
– понеделник, среда и петок со почеток во 19,00 часот
3. Спортска сала на ООУ „Браќа Миладиновци“ Куманово
– сабота со 2 термина од 15,00 и 16,00 часот


Ракометна школа „Кирил Лазаров 7“ веќе три години успешно реализира свој ракометен камп во Охрид, во хотелот „Акванина“, што значи дека и кумановчињата идното лето ќе можат да присуствуваат на ракометниот камп. Кампот е организиран на високо ниво во кој работат познати интернационални тренери и истиот претставува идеално место каде што децата добиваат информации како треба да се однесува и живее еден спортист.

© Radio Bravo - Kumanovo