• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Здружението Коледари по 17-ти пат ќе дели бадникови гранчиња

Бадник се прославува ден пред Божиќ и претставува последен и најстрог ден на божиќниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден.

Здружение на Коледари од Куманово, 17-та  година организира делење на бадникови гранчиња кои ги набраа на 25-ти декември во местото Забел во селото Старо Нагоричане. Киро Соларски, еден од основачите на Здружение на Коледари, јавно ги повика сите сограѓани, верници, да повелат на 6-ти јануари, точно напладне во 12 часот, пред Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ да уживаат во пригодната свеченост, со греана ракија, чај и музика и притоа да си земат осветено бадникаво гранче .

Koledari-Promo

 Вечерта на Бадник, домаќинот на куќата со синовите ги внесува бадникот, сламата и печеницата. Сламата се посипува низ целата куќа, а посебно таму каде што се служи вечера. Бадникот се поставува на огништето и се пали, потоа се пали и свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата која е посна и се ужива во семејниот мир.

© Radio Bravo - Kumanovo