• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Хуманитарен концерт за Александар и Мартина Додевски

Пред нас уште еден хуманитарен настан, хуманитарен концерт за Александар и Мартина Додевски во петок на 1-ви јули во Центарот за Култура @Трајко Прокопиев# со почеток во 19 часот. За концертот зборуваа нашите гости: Оливера Трајковска, организатор и модератор на хуманитарниот концерт и Бојан Ѓорѓиевски, претставник од Хуманитарната Организација „Крепос“.

Засега учеството на концертот го потврдија: Александар Богдановски, Дарко Тодоровски, Мартинијан Кириловски, Влатко Лозановски, Александра Јанева, балетското студио Фусион и други музички гости, со оглед на тоа дека листата на учесниците во овој хуманитарен настан ќе се надополнува се до самиот почеток на концертот. Билетот чини 120 денари и може да се набави на касата на Центарот за Култура Трајко Прокопиев.
Мобилните оператори во Македонија одобрија броеви за донација. Со еден повик донирајте 100 денари. За сите кои сакаат да донираат парични средства тоа можат да го сторат на следниве телефонски броеви:
ОНЕ: 075 143 476
ВИП: 077 143 476
Т-Мобиле: 070 143 144
Можете да донирате и со уплата на парични средства на банкарска сметка.
Име: Јасмина Додевска
Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
Број на жиро сметка: 320500025832633

Aleksandar Martina
Александар и Мартина Додевски боледуваат од цироза на црн дроб, за чија операција се потребни 100.000 евра. Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски победник во последната сезона на шоуто „Твоето Лице Звучи Познато“, каде освои награда од 25.000 евра реши средствата да бидат наменети за лекувањето на Александар и Мартина. По хуманитарните стапки тргна и авторката на романот „Анастасија“, Стефанија Ацевска која на аукција со почетна цена од 100 денари го продава романот, а собраните парични средства ќе бида уплатени на сметката на мајката на Александар и Мартина за чија операција се потребни 100 илјади евра. И група дечиња во организација на Бранка ,мајката на мистер топ моделот Алек, потпомогнати од „Мулти Култи“ организираа хуманитарна акција на градскиот плоштад за собирање на парични средства за лекувањето на Александар и Мартина Додевски. Дечињата продаваа балони по симболична цена, а паричните средства се уплатени на сметката на Јасмина Додевска, мајката на дечињата.

© Radio Bravo - Kumanovo