• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Кристина Арнаудова ја промовира „Љубена“

Кристина Арнаудова е активна и на музички, но и на хуманитарно – општествен план. Во продолжение разговорот со македонската поп музичка ѕвезда, Кристина Арнаудова…

Во етерот може да се слушне новиот сингл „Љубена“ на Кристина Арнаудова, во кој текстот е на Арнаудова, музиката е на Алена Попова, аранжманот е на Дарко Тасев, а песната е снимана во студиото на Кристијан Габроски.


„Звукот е оној кој сте навикнале да го слушате од мене, кој сѐ уште и после толку години не можам да го сместам во ниеден жанр. Искрено се надевам дека песната за кратко време ќе ѝ се залепи за уво на публиката, бидејќи се работи за исклучително заразна песна“, вели Арнаудова. Фотографиите од новата фотосесија, направена наменски за промоција на новиот сингл, се на Жарко Чулиќ, стилист е Ивана Кнез, шминката е на Фросина Фран, а за стајлингот на косата се погрижи студиото „Урбан Артист“.

 

Кристина Арнаудова е претседател и основач на Здружение за хумано-општествен развој „Проект Среќа“. По завршување на хуманитарниот проект „Среќно матуранти“ пејачката Кристина Арнаудова, преку своето здружение „Среќа“, се подготвува да почне со реализација на проектот „Среќна учебна година“.

– Нашето здружение е ново, но веќе работи со сериозна програма, што ја реалзира со партнерски компании и со поддршка од заедницата. Здружението се фокусира на општестевната одговорност, особено на компаниите, и се труди да ги вклучи во сите проекти, со цел да помогнат голем дел од населението во нашата земја да има бенефит и момент на среќа од проектите што ги работиме. Работата на Здружението се дели во два сегменти, хуманитарни и општествено одговорни проекти и веруваме дека со нашата активност општествената одговорност во Македонија ќе стане многу подобра, вели Арнаудова во телефонскиот разговор.

Со помош на проектот „Среќно матуранти“, чиј координатор беше Весна Станковска, 110 матуранти, апсолвенти и полуматуранти се опремени со она кое им беше потребно, а во реализацијата учествуваа над 200 донатори – физички лица, 50 волонтери низ цела Македонија , многу комппании, дизајнери и козметичко-фризерски салони.

© Radio Bravo - Kumanovo