• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Славица Ламбаша и Љубица Кузмановска во Радио Браво

По повод 70 години пензионерско организирање, 25 години македонска државност и во чест на сесловенските просветители браќата „Кирил и Методој“, Здружението на пензионери Куманово организира целовечерен концерт „Мајски ракувања“. На концертот со свои програми ќе се представат КУД „Ѓоко Симоновски“ на Здружението на пензионери Куманово и КУД на Здружението на пензионери од Смедеревска Паланка. Целовечерниот концерт ќе се одржи денеска, на 23-ти мај, со почеток од 18 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Славица Ламбаша, председателка на Комисијата за културно – уметнички самодејности при Здружението на пензионери Куманово преку брановите на Радио Браво ги покани сите кумановчани на вечерашниов концерт, нагласувајќи дека влезот е слободен. Гостувањето на Ламбаша го искористивме и да ги слушнеме и следните културни збиднувања во рамки на здружението.

Дека во рамки на Здружението на пензионери Куманово на големо се спортува и се учествува на повеќе натпревари ни потврди и нашата гостинка Љубица Кузмановска, потпретседателка на Здружението на пензионери Куманово. Многу повеќе информации од разговорот, кој што ќе можете да го слушнете со кликнување на плеерот подолу…

© Radio Bravo - Kumanovo