• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

Со повеќе културни и спортски настани општина Куманово ќе ја одбележи 74 годишнината од ослободувањето и 499 години постоење. По тој повод, градоначалникот на на Општината, Максим Димитриевски даде интервју за Радио Браво.


Оваа година за Денот на градот ќе се одржат два концерти на градскиот плоштад, на 9 и 10 ноември, ќе настапат Звонко Богдан и групата Хари Мата Хари. Како предгрупи првата вечер се Сандра Милковска и Кумановски тамбураши, а втората вечер Мартија Станојковиќ, Аулона Aјруалу и Бесим Мифтари, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ. На 11 Ноември, во 11 часот ќе биде полагање на цвеќе на Спомен костурницата, а потоа во 12 часот ќе се одржи Свечена седница во Центарот за култура Трајко Прокопиев, со богата културно-уметничка програма и со доделување на Ноемвриските награди. Истотака се одржа или ќе се одржи и годишен концерт на КУД „Бајрам Шабани“, меѓународна изложба на фотографии, промоција на публикацијата „Корени“, турнир во мал фудбал, натпревар во спортски риболов, ликовна колонија „Карпино“, откривање на спомен плоча во Пелинце, меѓународен турнир во пинг-понг, атлетска ноќна трка.


© Radio Bravo - Kumanovo