• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Викторија Златковиќ за 5-то издание на Фото фестивалот „Малински”

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: galerija1 not found

Пред почетокот на 5-то издание на Фото фестивалот „Малински”, гостин во студиото на Радио Браво е Викторија Златковиќ од Фото Клуб Куманово кој е организатор на фестивалот.


Драги пријатели, љубители на фотографијата и фотографската уметност, Ве покануваме да дојдете и заедно да ја прославиме петата јубилејна годишнина на Фото фестивалот „Малински”. Идејата на поинаков начин да се слави фотографијата и фотографската уметност прерасна во етаблирана и неодминлива културна манифестација, која од година во година буди се поголем интерес како во Македонија тако и надвор од неа. Потврда за тоа е вашето учество во богатата програма во која преку вашите и нашите фотографски творби ќе ја претставиме фотографската уметност и љубовта кон неа.


Оваа година „Малински” се одржува по петти пат и симболично во пет општини во Македонија. На наше големо задоволство фестивалот е подржан од Министерството за култура на Република Македонија како и од локалните самоуправи на Куманово, Крива Паланка, Кратово, Штип и Свети Николе. Посебно не радува што на фестивалот повторно ќе ги сретнеме нашите драги пријатели од Полска, Србија, Турска, Азербејџан и секако од Македонија, заедно да го продлабочиме нашато пријателство, да се забавуваме и уште повеќе да ја прошириме нашата соработка, бидејки основна идеја на фестивалот е пред се да го чуствувме како дел од нас и место каде се пронаоѓаме самите себе. Фасцинантните идеи, ентузијазмот и посветеноста на членовите на Фото клуб Куманово, како и широко подадената рака е предизвик кој не не остава рамнодушни и бара едноставно да сме тука.


© Radio Bravo - Kumanovo