• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Да и помогнеме на 14-годишната, Јована Станковска

The Yard Lounge Bar го организира својот трет хуманитарен настан од почетокот на своето постоење, и овој пат поддржани од “Црвениот Крст ” на град Куманово.

По тој повод, денес во Радио Браво е еден од организаторите на настанот, Емануел Ивановски – Мане. Следува разговорот…


Се работи за добро познатиот случај на нашата млада сограѓанка, Јована Станковска која што боледува од церебрална парализа и за чие лекување се потребни повеќе од 20 000 евра. Ве известуваме и воедно Ве покануваме, да се собереме сите на оваа хуманитарна забава и со нашето присуство и средствата кои што ќе ги собереме од овој настан да и помогнеме на малата Јована да ги направи своите први чекори и да и се подобри нејзината здравствена состојба. Настанот ќе се одржи на ден 18.12.2017 (понеделник) со почеток во 18 часот и ќе трае до 24 часот. За организацијата покрај тимот на Lounge Bar Yard и Црвен Крст на град Куманово, свој ангажман зедоа уште многу други спонзори и пријатели на настанот. За добрата забава ќе се погрижат: DJ Kuze, Чапај, Мартија, Риплеј бенд, Филип Стевановски Бенд и Бијонда бенд.


© Radio Bravo - Kumanovo