• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Маријана Павличек: Отворање на изложба на уметничи фотографии „Улица 2016“

Фото кино клуб ‘Козјак’ повторно на исто место ги собра фотографите на наштите македонски автори, на веќе традииционалната републичка изложба ‘Улици’.

Маријана Павличек, член на Фото кино клуб ‘Козјак’ информира дека на натпреварот земаа учество 53 автори во категорија Улица и 59 автори во категорија Слободна. Во првата категорија од вкупно пристигнати 225 дела беа примени 54 од кои 6 беа наградни, а во втората категорија пристигнаа 193 дела од кои примени беа 54 и 6 наградени. Наградени фотографи се на: Владимир Арсовски, Дејан Колевски, Боро Рудиќ Дејан Ангеловски Томислав Јовановски и Сташа Божиновска во категорија Улици, а во катеогоријата Слободна беа наградени: Сашо Алушевски, Катја Штркова Кошовска, Татјана Ранташа, Владимир Арсовски, Дејан Краљевски и Катерина Мавровска. Стручното жири го сочинуваа: Глигор Максимовски ФА1 ФСМ, Дејан Гилевски ФА1 ФСМ и Мирослав Величковски академски ликовен уметник.

Foto izlozba Ulica 2016

Отворањето на изложба ќе биде на 26.05.2016 во Центарот за култура Трајко Прокопиев во 19:30 часот. Публиката ќе има можност на оваа изложба да биде дел и од клубската изложба ‘Мајски Салон’ на фото кино клуб Козјак, на која ќе бидат истакнати најдобрите делата на неговите членови.

© Radio Bravo - Kumanovo