• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Деветто издание на „Мајски салон“

Марјана Павличек, членка на Фото Кино Клуб “Козјак” – Куманово, кој е организатор на изложбата, чие пак отворање е закажано за денес во 20 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ е гостинка во Радио Браво.

Интервју со Марјана Павличек, членка на Фото Кино Клуб “Козјак” – Куманово.


„Мајски Салон“ е клупска изложба која оваа година се организира по деветти пат. На оваа изложба ќе се изложат најдобрите фотографии од членовите на Фото Кино Клуб “Козјак” – Куманово кои ги твореле во текот на претходната година. Исто така ќе има можност да се погледнат фотографиите од кружна меѓународна изложба  “3rd MALINIK Digital Circuit 2017” за која Фото Кино Клубот  „Козјак“ беше избран да биде дел од организацијата за оваа година.

„На изложбата „Мајски Салон“ ќе бидат изложени некаде околу 30 дела, фотографии. Отворањето е на 25-ти  мај, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“,  во 20 часот. Изложбата ќе биде отворена до 1-ви јуни“, рече и меѓу другото, Марјана Павличек, членка на Фото Кино Клуб “Козјак” – Куманово.

© Radio Bravo - Kumanovo