• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Марјана Павличек го најавува Фото Салон Куманово 2017

Отворањето на изложбата „Фото Салон Куманово 2017“ ќе биде на 30.03.2017, четврток во Уметничката Галерија на градот Куманово во 19:30 часот. Организатор на истата е Фото кино клуб „Козјак“ и Марјана Павличек, членот на Клубот во интервјуто во Радио Браво ги информира нашите слушатели, што можат да очекуваат од овогодинешниот Салон.


Фото кино клуб ‘Козјак’ по единаести пат  ги собра фотографиите на наштите и странските  автори,  на традииционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово 2017. Учесниците имаа можност да се престават  во шест категории и тоа Портрет, Музика, Природа, Живот, Слободна црно – бела и Слободна колор. На натпреварот земаа учество 371 автор од 56 земји од целиот свет. Жирито во состав Боро Рудиќ (Македонија), Борислав Милановиќ (Србија) , Раша Милојевиќ (Србија) на изложбата доделија 198 награди во шест категории. Меѓу наградените се најдоа македонските автори: Сашо Алушевски, Миладин Поповиќ, Татјана Ранташа, Виктор Налевски и Стефан Ѓорѓиевски. Исто така членовите на нашиот фото клуб, Стефан Николиќ, Цветан Гавровски и Филип Илиевски се закитија со дипломи и медали.

© Radio Bravo - Kumanovo