• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Марко Стојковски за промоцијата на “Македонска Рок Енциклопедија (1963-2018)”

Пред промоцијата на “Македонска Рок Енциклопедија (1963-2018)” од авторот од Тошо Филиповски, во Радио Браво е rock промотерот, Марко Стојковски.

Следува интервјуто…


Вечерва во 20 часот, во Центарот за Култура “Трајко Прокопиев” во Куманово, ќе се одржи промоција на книгата “Македонска Рок Енциклопедија (1963-2018), Прв Том” од Тошо Филиповски. Во енциклопедијата се опфатени музички состави од самата појава на овој феномен, во 1963та година, се до денес. Набројани се вкупно 333 музички состави, споменати се повеќе од 2000 музичари, прикажани се околу 400 фотографии. На промоцијата ќе биде присутен приредувачот на Енциклопедијата – Тошо Филиповски, а ќе биде прикажан и краток документарен филм кој ја опфаќа рок сцената во Македонија во 60тите и 70тите години од XX век. Промотор на Енциклопедијата ќе биде Љубиша Петрушевски, долгогодишен културен активист.


© Radio Bravo - Kumanovo