• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Милорад Тренчевски, раководител на Центар за вработување

До Центарот за вработување во Куманово за користење на мерката грант за самовработување има поднесено 60-тина апликации од страна на невработени од Кумановско, информира  Милорад Тренчевски, раководител на Центарот за вработување кој повика невработените кои имаат бизнис идеја или одржлив бизнис план да аплицираат за оваа мерка до крајот на јануари. За да се аплицира потребно е лицата да се водат како активни баратели на работа во Центарот за вработување Куманово.

Тренчевски потсети дека тече огласот за обука со субвенционирано вработување, кој не е ограничен. Со Оваа мерка, невработеното лице добива 6.200 три месеци, работодавачот кој ангажира невработено лице добива по 19.000 денари, од кои 9.000 се личен доход и 5.000 денари придонеси,  додека самиот работодавач добива 5.000 денари субвенција и има обврска да го задржи наредните 12 месеци. Во кумановскиот Центар за вработување формирани се два тима кои три пати неделно држат обуки со невработените и два пати неделно со работодавачите во рамки на проектот „Се бориме за секое работно место“.

© Radio Bravo - Kumanovo