• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Милош Велевски на меѓународната ММА сцена

Mинатиот месец Милош Велевски, член на MMA Клуб Куманово 2006, го имаше своето деби во една меѓународна борба во Дизелдорф, Република Германија.


За свој противник, Велевски го имаше Руслан Магаев и за жал беше поразен од многу поискусниот противник. Сепак, Велевски се покажа како храбар борец, со оглед на своето прво деби на ваков тип натпреварување. Освен Милош Велевски, уште тројца Македонци настапија во рамките на овој натпревар: Пепи Велков, Бобан Данов, Димитар Ташков. Организаторот на настанот беше УФД Џим од Диселдорф. Милош Велевски веќе 6-7 години се занимава со овој спорт и како најзаслужен за неговите успеси го посочува тренерот Сашо Илиевски кој веќе долги години го усовршува во оваа боречка дисциплина.

© Radio Bravo - Kumanovo