• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Мирјана Милановска со „Земи се“ ја започнува музичката кариера

Денешниот Премиера Хит, песната „Земи се“ со која нашата млада сограѓанка, Мирјана Милановска, стапнува на музичката естрада, Радио Браво ја промовира и со гостување на Мирјана во студиото на Радио Браво.


Мирјана Милановска е ученичка од втора година во СОУ „Гоце Делчев“. Уште на шестгодишна возраст се запишува Музичкото училиште „Панче Пешев“, каде го изучуваше инструментот клавир. На општинското музичко натпреварување “Revolution Talent”, што се одржа минатава година, Мирјана го освои второто место. Меѓутоа Радио Браво ја запознава младата Мирјана уште во 2014-та година, кога во пранешните простории на Радио Браво ги отпеа и ги снимаше „каверите“ на песните “Smooth Operator” и “Sway“.

„Земи се“ е песна со динамичен, летен ритам, чии автори сеДаниела Хаџитонева, Иле Спасов и Кирил Зарлинов, познат како Erik Fox, еден од најпознатите македонски Dj-и. Истата е снимена во студиото на Иле Спасов.

 

© Radio Bravo - Kumanovo