• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Мирлинда Реџепи, координатор на проектот „Вредности на Рамковен договор преку призма на неформално образование“

Остварените резултати од проектот „Вредности на Рамковен договор преку призма на неформално образование“ на слушателите на Радио Браво ги презентира Мирлинда Реџепи, координатор на Проектот.

Интервјуто со Мирлинда Реџепи, можете да го слушнете со кликање на плеерот подолу.


Главниот проблем кој го обработуваше овој проект е неинформираноста на младите и жените од општините Старо Нагоричане, Куманово и Липково за бенефитите и потребите од поголем активизам во мултиетничко општество, како и за бенефитите од Рамковниот Договор. Таргетираните општини се мултиетнички средини во кои што живеат припадници на различни етнички заедници и во нивмладите и жените не се доволно информирани за вредностите и придобивките кои произлегуваат од различните етнички групи и нивните традиции, како и придобивките од Рамковниот договор. Во овие општини има намалена соработка која што влијаедеструктивноврз развојот на самите средини и нивната општествена клима. Проектни активности беа насочени кон младите луѓе и жените од општините Старо Нагоричане, Куманово и Липково и кон зајакнување на нивните знаења и вештини, како иконможностите за нивно општествено активирање.

Активности содржаа: пет обуки – работилници, активности за широка медиумска покриеност и други активности кои имаа за цел да помогнат во остварување на главната цел на проектот, а тоа е зајакната свест, знаење и заедничко застапување на вредностите на Рамковниот договор преку призмата на неформално образование. Целната група опфатена со овој проект Беа младите и жените од општините: Старо Нагоричане, Куманово и Липково, како мултиетнички заедници. Активностите во рамките на овој проект беа добро осмислени и дизајнирани за да постигнат видливи позитивни резултати, со минимизирање на потенцијалните ризици и со развиени модули кои го овозможија одржливост на проектот.


 

© Radio Bravo - Kumanovo