• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Ненад Скрчевски, преседател на Аикидо Клуб „Агатсу“

Денешниот гостин во Радио Браво, Ненад Скрчевски го претставува аикидо како современ метод за физички и ментален развој, стекнување и подобрување на физичка кондиција, рекреација и ефикасен вид на самоодбрана.


Основната идеја на аикидо е користејќи самооодбрана да не го повредиме својот напаѓач. Аикидото не учи да се вклопиме со движењето на напаѓачот и ја пренасочиме неговата сила и енергија во наша корист. Со мал физички напор и со директни и кружни движења, техниките се завршуваат во разни форми на фрлања и полуги на напаѓачот со што се воспоставува контрола на нападот.


Здружението Аикидо Клуб “Агатсу” од Куманово e основано 2005 година. Целта за оснивање едно вакво здружение е поради организирано и координирано изучување и афирмација на аикидото како вештина како и јапонската традиција и филозофија. Примена на основните принципи и вредности на аикидото во секојдневниот живот и градењето на индивидуалниот физички, духовен и интелектуален развој. Во клубот се работи и изучува аикидо според правилата и стандардите на Аикикаи Фондацијата од Токио, Јапонија. Во “Агатсу” се предава изворно аикидо создадено од основачот Морихеи Уешиба.

Аикидо клуб „Агатсу“ се наоѓа во просториите на ”Дом на Народна Техника” на ул. “Тане Георгиев” б.б. Уписот на нови членови се врши во текот на целата години, а за истото, можете да се информирате на телефоните: 075/470-493 и 070/818-889 или на mail-от contact@agatsu.mk.

 

© Radio Bravo - Kumanovo