• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Перица Димковски од ДМА „Трајко Прокопиев“

Од први до четврти мај се одржува Меѓународен фолклорен фестивал „Велигденски Средби 2016“ во село Ораовица, Радовишко. Овој Меѓународен фолклорен фестивал се одржува 12 година по ред и има натпреварувачки карактер. Оваа година за прв пат свое учество зеде и Детско Младинскиот Ансамбл „Трајко Прокопиев“ од Куманово. За организацијата, за наградите и за учесниците, денес во Радио Браво говореше Перица Димковски, уметнички директор на Детско Младинскиот Ансамбл „Трајко Прокопиев“, а овозможивме и телефонско јавување на Марио Стојковски, претседател на Ансамблот.

На Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски Средби 2016“ настапија 18 ансамбли каде најдобрите беа наградени од специјалното жири. Ансамблот „Буримет е Шарит“ (Шарски Извори) од Тетово зеде дури четири награди, додека КУД „Карпош“ од Крива Паланка освои две награди меѓу кои и награда за најдобра играорка. Наградата за најдобра сценска изведба отиде кај ансамблот „Иван Планина“ од местото Тарчин,  Босна и Херцеговина.

DMA Trajko Prokopiev

© Radio Bravo - Kumanovo